Почетна / Серии / Нови уникатни серии!

Нови уникатни серии!

Додека македонските телевизии буквално се борат за турските и индиските серии, кабловските телевизии продолжуваат со новитетите во својата урбана програма. Следно што ќе видиме на FOXlife е новата американска серија “GCB” (Good Christian Belles), додека SciFi ќе изненади со научно-фантастичната серија “Falling Skies”.

“Good Christian Belles“, или како што првобитно беше наречена, “Good Christian Bitches”, е американска комедија-драма креирана и напишана од Роберт Харлинг, а продуцирана од Дарен Стар. Приказната ја следи Аманда Воун, поранешна средношколска “кралица на кучките”, и од неодамна вдовица и мајка на две деца, која одлучува да се врати во својот роден град. Поранешната богаташка, Аманда, губи се кога нејзиниот сопруг е откриен како краде билиони долари од инвеститори и умира во сообраќајна несреќа заедно со својата љубовница.

 

Од 2-ри април на FOXlife

Таа ги сретнува поранешните школски познанички кои порано ги задевала: Карлин Кокбрн, новата “кралица на кучките”; Шерон Пичам, која во средношколските години била убава, а сега е непривлечна и несигурна во себе; Карат Рајли, гламурозна жена која само трачари и чиј маж, Блејк, е геј; и Хетер Круз, моќен агент за недвижен имот.

 

Аманда и нејзините деца тинејџери се преселуваат на ова место со 50-годишната Џиџи Стопер, мајка на Аманда, која се обидува да влијае во одгледувањето на децата, нејзиниот избор за се и сешто во животот, и начинот на кој таа ќе им се постави на новите сосетки. Аманда е изменета и сака нов живот, но Карлин и нејзините пријателки не веруваат во тоа и затоа ќе се обидат да ја исфрлат од нивниот пат.

Falling Skies” е американска научно-фантастична и драматична телевизиска серија креирана од Роберт Родат и продуцирана од Стивен Спилберг. Приказната во серијата зборува за инвазијата од суштества од други планети што ја нападнале земјата. Емитувана е во САД на кабловскиот канал TNT, и е продукција на DreamWorks Television. Премиерата ја доживеа на 19-ти јули, 2011-та година, и зад себе има една комплетна сезона. Втората сезона ќе биде премиерно емитувана на 17-ти јуни во 2012-та година.


Од 22-ри април секоја недела во 21.00 часот на SciFi

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди