Почетна / Телевизија / Реизбор на гувернер е тема во „Економски магазин“, среда на Алсат М

Реизбор на гувернер е тема во „Економски магазин“, среда на Алсат М

 

Кој ќе го избере гувернерот на Народна банка ?

 

Политичките партии со различни ставови околу изборот на нов гувернер. Претседателот Иванов бара реизбор на Богов, а Заев тврди дека парламентарната група не го прифаќа Богов за нов гувернер. ДУИ се залага со законот да се овозможи, покрај претседателот, и други институции да предлагаат прв човек на Централната банка.

 

 

 Според позитивната законската регулатива, претседателот на државата дава предлог за избор на гувернер, а пратениците во Собранието се изјаснуваат, односно гласаат по предлогот. Мандатот на гувернерот е седум години со право на реизбор за уште еден.

 

 

Треба ли промени во законот за Народната банка кој сега вели дека единствен предлагач е Претседателот на земјата? Дали двотретинско мнозинство треба да бира гувернер? Ден среда, време за “Економски магазин” во 22.30 часот, по вестите на Алсат М.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инреком: За дигитализацијата на државата и медиумските слободи

Институтот за развој на електронски комуникации – ИНРЕКОМ Скопје шеста година по ред објавува краток …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!