Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Драгана Мирковиќ влегува во „Ѕвездите на Гранд“? Преговорите се во тек

Драгана Мирковиќ влегува во „Ѕвездите на Гранд“? Преговорите се во тек

Драгана Мирковиќ би можела да биде ново лице во жирито на популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Како што пренесуваат српските медиуми, продукцијата веќе стапила во контакт со тимот на пејачката, а преговорите за нејзиниот ангажман се во тек.

Договорот сè уште не е финализиран, но наводно Драгана позитивно гледа на понудата, особено поради квалитетот на натпреварувачите и долгогодишната традиција на шоуто. Ова не е првпат продукцијата да се обиде да ја донесе Мирковиќ во жирито. Разговори за нејзино учество имало и минатата година, но тогаш не бил постигнат договор.

Засега не е познато дали евентуалното доаѓање на Драгана Мирковиќ би значело и промена во актуелниот состав на жирито. Ѓорѓе Давид неодамна потврди дека останува дел од екипата и во следнава сезона.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пред новите емисии, се потсетуваме на првата сезона од „180 степени“

18 натпреварувачи, ќе готват и ќе се натпреваруваат… За најголемата награда во кулинарско реално шоу …

error: Содржината е заштитена!