Почетна / Оператори / Нови канали на Близу

Нови канали на Близу

 

 

Близу промовираше нова комбинација на услуги и нови канали во својата понуда

 

Оваа недела, телекомуникацискиот оператор Близу го промовираше пакетот со неограничен интернет и фиксна телефонија за 599 денари месечно. Овој пакет е достапен во LAN зоните во градовите каде е присутен овој оператор. Со оваа понуда, новите и сегашни корисници на Близу можат да го искористат и промотивниот период кој вклучува 100 бесплатни минути во првите два месеци. “Co овој потег, повторно докажавме дека корисниците го добиваат најдоброто за најниска цена- во моментов не постои понуда која вклучува неограничен интернет, ниту пак вклучува пакет со две услуги за оваа цена. Едноставно- продолжуваме со остварување нa ветувањето кое го дадовме пред неколку месеци, со нашето влегување на Македонскиот пазаризјавуваат од  операторот.

Истовремено, Близу покрај зголемувањето на комерцијалната понуда, го зголеми и бројот на канали во својата дигитална платформа- се работи за каналите OBN и  рускиот Perviy.  Овие канали корисниците ќе можат да ги следат без никаков дополнителен надомест. Со овие новости во својата понуда, Близу повторно ја докажа својата кориснички ориентирана стратегија и  тенденција да промовира најконкурентни понуди на телекомуникацискиот пазар во Македонија. 

 

 

 

Близу ДООЕЛ Скопје | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Известување | MaxTV со нови канали во понудата

Корисниците на MaxTV, од денес имаат можност да следат програма на 2 нови ТВ канали, …