Почетна / Сапуници / Нова шпанска серија од денеска на Скај Нет

Нова шпанска серија од денеска на Скај Нет

 

Убаво изненадување за сите љубители на шпанските серии. По долго време, скопската телевизија Скај Нет започнува со емитување на латиноамериканска теленовела секој работен ден премиерно во 18:45 часот, со реприза навечер во 23 часот. Се работи за серијата „Сестри“ (Cuando me enamoro), снимена од добропознатата телевизиска куќа Телевиса. Серијата ќе се емитува и во другите градови, на локалните телевизии во 182 епизоди. Главните улоги ги толкуваат Силвија Наваро (Кога ќе бидеш моја, Наследничка, Сомнеж, Љубовта е вечна, Монтекристо) и Хуан Солер (Малиот град Инферно, Љубовта е игра). Насловната нумера „Cuando me enamoro“ која стана хит во цел свет, ја изведуваат Енрике Иглезијас и Хуан Луис Гера.

 

 Содржина:
Ова е приказна за Рената и Херонимо, приказна за нивната страстна и голема љубов која е осудена на страдање поради големи лаги и голема омраза. Херонимо случајно ја запознава Рената, и е импресиониран од нејзината убавина на прв поглед, па без да го дознае нејзиниот идентитет се вљубува во неа, но не ни претпоставува дека тоа ќе му го одбележи животот на некој начин. Неговиот брат се самоубил поради некоја непозната жена, а Херонимо е решен да открие која е таа жена и да и го загорчи животот. И токму тука се појавуваат Хозефина (мајката на Рената) и Роберта (сестрата на Рената) кои смислуваат сплетки за да го убедат Херонимо дека всушност Рената имала љубовна врска со неговиот брат Рафаел, и дека таа е виновна што Рафаел се самоубил.

Поради таа причина, Херонимо решава да и се одмазди на невината Рената. Се жени со неа, решава бракот да и го претвори во страдање и кошмар, а откако ќе дознае дека Рената не е виновник за смртта на брат му, ќе биде предоцна за нивната љубов.

Но во семејството на Рената се крие голема тајна. Рената отсекогаш верувала дека доња Хозефина е нејзина мајка и дека Роберта и е сестрата близначка. Но всушност Рената не е ќерка на Хозефина. Хозефина во минатото била љубовница на Роберто и кога тој умрел, таа дознала дека единствена наследничка на неговото големо богатство ќе биде неговата ќерка кога ќе наполни 25 години. Затоа Хозефина ја киднапирала Рената и ја одгледала како своја ќерка, сакајќи да го бара наследството на Роберто кога Рената ќе наполни 25 години. Но, жената на Роберто и вистинската мајка на Рената цел живот ќе ја бара украдената ќерка.

Улоги: Силвија Наваро, Хуан Солер, Џесика Коч, Росио Банкелс, Хосе Рон и други.

 

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Конечно се открива вистината во „Мојот вујко“ на Сител

По долгото топло лето, време е да се открие она што гледачите долго го чекаа. …