Почетна / Серии / Необично интервју на Мерт и Сарп од серијата Инсајдер

Необично интервју на Мерт и Сарп од серијата Инсајдер

Кога мегапопуларната серија „Инсајдер“ се појави на ТВ-пазарот во Чиле, Чагатај Улусој и Арас Булут Шинемли направија интересно интервју каде се појавуваат истовремено и како домаќини и како гости па се интервјуираат еден со друг. Се работи за забавно видео но ако не ви се турскиот или шпанскиот јака страна, ви ги пренесуваме главните поенти.

Прво тие зборуваат за нивните ликови во Инсајдер.

Арас: Што мислиш за оваа нова серија?

Чагатај: Кога го прочитав сценариото за прв пат, ликот на Сарп и приказната ме преплавија со емоции. Најимпресивната работа за мене беше болката што ја носи овој лик и живее со неа. Тој е силна и одлучна личност и секогаш успева да се избори со проблемите. Се сеќавам дека размислував: „Како е можно овој човек да биде добро и покрај сè што треба да надмине за да преживее? Едноставно кога го гледате, мора да си го поставите себеси тоа прашање. Факт е дека ликовите во Инсајдер се извонредно изградени и многу длабоки. Секој има своја историја интегрирана во сценариото. Ликот на Сарп ме заинтригира и започнав да работам на серијата.“

Арас: Како се подготвуваше?

Чагатај: Почнав да се подготвувам 5-6 месеци пред снимањето. Дури и додека бев во САД, започнав да тренирам, ја истрижав косата, го сменив изгледот и започнав да земам часови за боречки вештини и да вежбам на стрелиштето.

Арас:Во врска со пукањето, би сакал да споделам нешто со тебе. Бевме на обука за стрелање и нашите тренери беа навистина добри, но тоа беше првпат во мојот живот да земам оружје во моите раце. И гледам во тебе,а ти почна да пукаш бам, бам, бам  12 пати по ред и си помислив „Боже, што прави овој човек?“ Мислев дека сигурно си имал претходно искуство со оружје и стрелање.

Чагатај: Почнав да тренирам на стрелиштето на 14-годишна возраст, така што, да, имав претходна обука, но и ти беше многу добар. Што те привлече тебе во ликот на Мерт?

Арас: Мерт е многу осамен, пораснат без љубов, најважен факт е дека тој нема родители, тој е воспитан без нивна љубов, киднапиран е, малтретиран, не можам да откријам многу, но во основа се запрашав: „Која би била мотивацијата во животот за една личност што не почувствувала љубов, како живеел, како преживеал? Мерт постојано се бори со осаменост, но од друга страна сака да стори сé сам. Сите негови реакции се одредени од неговата опсесија со минатото и тој не може да оди напред.

Понатаму во видеото двајцата актери зборуваат за внатрешниот живот на нивните ликови, Мерт и Сарп во серијата „Инсајдер“, но Арас и Чагатај низ разговорот откриваат делови од сопственото детство. Арас практично бил воспитуван од неговата постара сестра бидејќи неговата мајка морала многу да работи. Бил многу послушно дете и правел сè што ќе му каже сестра му. Наспроти него, Чагатај бил хиперактивен; неговите родители беа повикувани во неговото училиште најмалку еднаш неделно, бидејќи тој секогаш ги кршел правилата. Започнал да се занимава со спорт уште од многу рана возраст, со цел да го смири својот темперамент.

Чагатај: Почнав да играм кошарка кога имав 7-8 години. Тоа беше начин да го истрошам вишокот енергија и да се вратам дома мирен и уморен.

Во интервјуто, Арас со публиката сподели дека има постари брат и сестра и довербата меѓу нив ја спореди со театарски тест.

Арас: Во драмското училиште требаше да ги затвориме очите и да паднеме наназад надевајќи се дека колегите ќе нѐ фатат. Имањето постари браќа и сестри, особено кога се постари како во мојот случај и повеќе од 10 години, има предност, секогаш знаете дека вашиот брат или сестра ќе бидат тука за да „ве фатат“.

Чагатај има помлад брат, 8 години помлад од него, студира во Лондон. Вели дека е голема одговорност да се биде постар брат, скоро како да имате свое дете за кое треба да се грижите.

Чагатај: Концептот на братство е многу интересен, таа доверба, увереноста дека секогаш е некој тука за тебе, некој што те поддржува и ја става твојата среќа пред својата. Тоа е многу важно.

Братската врска е веројатно еден од најистражуваните концепти во серијата Инсајдер. И двајцата актери сметаат дека научиле многу во текот на снимањето како во однос на прикажување емоции и така и во актерска игра. Исто така, откриваат колку се среќни што имале можност да учат на снимањето од легендата Четин Текиндор. Се согласуваат дека работата на оваа серија со толку голем актер е непроценлива животна и професионална школа.

Чагатај: Зборувавме за емоциите во првите сцени. Се сеќавам на возбудата. Мислам…што ќе сториш ако трепериш од трема пред Четин Текиндор? Не може да се контролира тоа. Јас сум многу горд на можноста да работам со него. Го набљудував за време на снимањето, го следев  секое движење што го правеше, во сцени но и за време на паузи во бекстејџ.

Арас: Ова е непроценливо искуство за мене. Мислам….јас сум на ТВ со Четин Текиндор! Јас пораснав гледајќи го на ТВ и сега тој ги знае нашите имиња, ни се обраќа: „Арас како си? Чагатај како си? “ Имаме многу среќа!

И, ако сте фан на серијата Инсајдер и сакате да контактирате со Арас или Чагатај ќе ве интересира дека на крајот од интервјуто, тие откриваат каде го поминуваат своето време на Интернет.

Арас: Многу ми се допаѓа Инстаграм, не ми лежи Твитер.

Чагатај: Вистината е дека не користам многу социјални медиуми, само кога немам што друго да правам. Кога работам на некој проект, ги читам коментарите за да видам како им се допаѓа приказната на луѓето и да ги почувствува пулсот и емоциите на публиката.

Значи, дами и господа посетете ја DIZI Macedonia страницата на Facebook и Dizi Macedonia на Instagram и поздравете ги Арас и Чагатај во коментар, сигурни сме дека ќе прочитаат. И секако, не пропуштајте ги епизодите на Инсајдер во 19.55 часот на каналот DIZI.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чикаго ФД | Ни Лејди Гага не успеа да го изгаси згодниот пожарникар

Ѕвездата на Сителовата серија “Чикаго ФД”, Тејлор Кини беше во љубовна врска со познатата Лејди …

error: Содржината е заштитена!