Почетна / Телевизија / Музичко документарен филм за Џастин Бибер, репризно на МТВ 1

Музичко документарен филм за Џастин Бибер, репризно на МТВ 1

Недела (5. август 2018) во 17.45 часот, репризно на Прва

Спектакуларни концертни снимки од најголемите хитови на Џастин Бибер кои се распродадени насекаде низ светот. Филмот нуди ексклузивен поглед на животот на Џастин надвор од сцената, неговиот трнлив пат од губитник, кој сонувал да свири во Медисон Сквер Гарден, до најголема поп-ѕвезда каква што е денес.

Млад човек, кој се фаќа во костец со својата моќ, богатството, славата, можноста да сака и да му биде скршено срцето, а најмногу од сè – да биде човек, како сите други. Покрај Џастин, во филмот се појавуват и многу значајни луѓе во неговиот живот, како Скутер Браун, продуцент на филмот и негов менаџер, Ашер Рејмонд, исто така негов менаџер, продуцент и еден од најпознатите музичари на денешнината, Родни Џеркинс, музички продуцент, воедно и легенда во музичката индустрија итн.

Покрај многубројните учесници, во филмот ќе ги видиме и родителите на Џастин кои раскажуваат за растењето и созревањето на мега популарниот Џастин Бибер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Српското ток шоу „Магазин Ин“ секој викенд на Алфа

Секоја сабота и недела на Алфа телевизија ќе се емитува српското ток шоу “Магазин Ин”. …

Leave a Reply