Почетна / Телевизија / МТВ : Реакцијата на СДСМ е директен притисок кон работата на МТВ

МТВ : Реакцијата на СДСМ е директен притисок кон работата на МТВ

МРТ: Обвинувањата на СДСМ се неосновани

 

По реакцијата на СДСМ во врска со отворената програма на Македонската телевизија, се јави и јавниот национален сервис со свој демант, кој ви го пренесуваме во целост во продолжение :

Изнесените ставови на присутните гости во студиото се нивни лични ставови. Јавниот сервис ги отфрла наводите дека со денешната програма, МТВ ги оспорила и ги довела во прашање стратешките интереси на Република Македонија, и дека членството во ЕУ и НАТО го свела на полемика, како определба на една политичка структура.

Македонската радиотелевизија најостро ги демантира наводите на СДСМ дека со денешната програма се погазени националните и стратешките интереси.

Јавниот сервис и годинава, како со години наназад, организираше отворена програма со која вршеше директни преноси од говорите на претставниците на државниот врв и во кој, како и досега, учествуваа историчари и се емитуваат прилози поврзани со Илинден.

Изнесените ставови на присутните гости во студиото се нивни лични ставови. Јавниот сервис ги отфрла наводите дека со денешната програма, МТВ ги оспорила и ги довела во прашање стратешките интереси на Република Македонија, и дека членството во ЕУ и НАТО го свела на полемика, како определба на една политичка структура.

Ваквата реакција на СДСМ, МТВ ја оценува како директен притисок врз нејзиното работење. И во иднина, МТВ ќе реагира на неоснованите обвинувања, без разлика од која страна доаѓаат, дали од власта или од опозицијата.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Снеже Велков се враќа на малите екрани со новата емисија на ТВ 24

Секоја среда во 19 часот на ТВ 24 ќе се емитува новиот формат на емисија …

Leave a Reply