Почетна / Сапуници / Запознајте го турскиот Џејмс Бонд, Харун од „Заборави ако можеш“

Запознајте го турскиот Џејмс Бонд, Харун од „Заборави ако можеш“

 

Ќерката е единствената жена во неговиот живот

 

 

 

Од понеделник до петок во 21 часот на Сител телевизија се емитува турската сапуница “Заборави која можеш” која со задоволство се прати веќе неколку месеци од страна на македонските гледачки. Серхан Јаваш го толкува главниот лик Харун, богат бизнисмен заробен во љубовен триаголник со двете сестри Еда и Мелда.

 

 

 

Серхан е роден 1972 година во Истанбул. Има завршено Спортска Академија во Мармара, а потоа давал и часови по тенис. Потоа се запишал на агенција за модели по што започнале неговите активности на тоа поле. Има снимено многу телевизиски реклами за познати светски брендови како Deniz Bank, Bosch, Tofaş, Papia and Nestle Kit Kat и др.

 

 

 

Во 1999 година се оженил, а во 2001 година ја добил ќеркичката Емфе. Бракот не траел долго, во 2004 година се развел, по што целиот свој понатамошен живот го посветил на ќерка си.

 

 

 

– Немам време денес да мислам на други жени. Треба да се случи момент за да се најде вистинската, а сега времето го користам исклучиво на ќерка ми и работата. Јас сум строг татко, но она што е интересно е како ќерка ми ме доживува на екран. Кога ме гледа во љубовни сцени и сплетки во турските серии, таа само се насмевнува и срамежливо ќе ме погледне – кажува Серхан.

 

 

 

Покрај моменталната улога во хит серијата “Заборави ако можеш…”, за македонските гледачки е познат и по главните улоги во “Завет” и “Љубов и казна”. И во “Завет”, неговиот лик Мендерес беше растргнат помеѓу љубовта на две жени, по што многумина може да заклучат дека неговиот лик Харун е доста сличен на Мендерес.

 

 

Мендерес и Лејла во “Завет”

 

– “На прв поглед, да. Слични се” – објаснува актерот – “но според мене, карактерите на Мендерес и Харун се сосема различни. Харун е наследник на многу богато семејство. Младоста му минала во странство, не му останало многу време да се забавува. Верен е со Мелда, девојка која работи во неговата компанија, но на улица случајно ја запознава Еда во која страстно ќе се вљуби. Излегува дека Мелда и Еда се сестри, па за него ситуацијата е безизлезна. “

 

 

Харун и Еда во “Заборави ако можеш…”

 

“Се замислувам во ликот на Харун и не знам што би правел да сум на негово место. Навистина никому не посакувам вакво нешто да му се случи. Но за телевизиска серија, и те како е интересно. По “Завет”, го добив сценариото за “Заборави ако можеш” и многу ми се допадна. Затоа решив повторно да играм улога на богат заводник.” – кажува актерот.

 

 

Омер и Лејла во “Љубов и казна”

 

Фановите многу често знаат да го споредат со Џејмс Бонд и да кажат дека шармантноста која ја зрачи на тв екраните се должи можеби и на неговото лице, кое е доста специфично за на телевизија.

 

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!