Почетна / Серии / По завршетокот на прва сезона, Телма со реприза на “Accused”

По завршетокот на прва сезона, Телма со реприза на “Accused”

 

На местото од репризата на “Рај”, нова реприза на Телма

 

Пред две седмици заврши првата сезона од британската серија “Обвинети” на Телма, а веќе од четвртокот, Телма со реприза од првата епизода и тоа во 16 часот. Серијата е инаку снимена од 2010 до 2012 година од страна на BBC во две сезони, но на Телма се емитуваше само првата сезона.

 

 

 

Во серијата, секоја епизода носеше нова и различна приказна која говори за луѓето кои завршуваат во судница. Но, дали на тие мажи и жени им беше таму местото? Дали беа невини, виновни или нивниот грев се наоѓаше некаде помеѓу вината и невиноста? Како што се развиваше секоја епизода, гледавме што ги донело обвинетите на истражителната клупа и чекавме до крајот дали ќе завршат на слобода или зад решетки.

 

 

Ова е современа драма за злосторството и казната, како што кажува режисерот Џими МекГоверн. Гледачите го гледаа злосторството и ја чекаа казната за обвинетиот. Во серијата не се емитуваат никакви полициски истраги, ниту гледавте полицајци и шерифи кои трчаат од станица до местото на злосторот и назад. Гледачите го гледаа само злосторството и само казната, двете најважни секвенци во една криминалистичка драма.

 

 

Меѓу обвинетите се најдоа големи британски актерски имиња како Christopher Eccleston, Benjamin Smith, Juliet Stevenson, Andy Serkis, Marc Warren, Naomie Harris, Sean Bean и Anne-Marie Duff. Во 2011 година, “Accused” добива ЕМИ за најдобра интернационална драма и најдобар актер, како и БАФТА за најдобар актер и најдобра споредна актерка.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо премиери, државната МТВ со втора реприза на серија

МТВ со реприза и на скандинавската трилер серија “Арн Дал” во 21.30 часот и тоа …