Почетна / Серии / Многу нова музика… и нова забава со „Меѓи и Бјанка“ на Сител

Многу нова музика… и нова забава со „Меѓи и Бјанка“ на Сител

 

Сабота и недела наутро околу 10.30 часот

 

 

Од овој викенд на Сител телевизија во 10.30 часот наутро започнуваат новите епизоди од тинејџерската серија “Меѓи и Бјанка”, надсинхронизирана на македонски јазик. Тин ситкомот за модерните пријателки е во италијанска продукција и се уште во фаза на емитување во матичната земја. Во улогата на Меѓи ја гледаме италијанската актерка Емануела Реи, а во улогата на Бјанка ќе настапи Џорџија Бони.

 

 

За потсетување, серијата започна кога американското девојче Меѓи добива стипендија за да учи на Академијата за мода во Милано, наjпрестижно училиште од тој тип во целиот свет. Во новото училиште се запознава со Бјанка, ќерка на моќен и богат италијански магнат во модната индустрија.

 

 

 

Двете доаѓаат од сосема различни средини и имаат спротивни карактери, па затоа меѓусебното запознавање нема да помине сјајно. Но, како минуваат деновите, Меѓи и Бјанка успеваат да се запознаат подобро и заедно да зачекорат кон врвот во модниот свет. Истовремено, формираат музички бенд во кој ќе ги покажат своите музички таленти и способности.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Преспав“ се враќа со петта сезона – очекувајте го стартот на МРТ 1

Од идниот месец на Македонската телевизија следува нова, петта сезона од популарната серија „Преспав“. Снимањето …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!