Почетна / Забава / Младите создадоа „Gossip Girl“ трач сајт

Младите создадоа „Gossip Girl“ трач сајт

Инспирирани од американската хит серија „Gossip Girl“, што од оваа есен ќе се емитува на МТВ1, тинејџерите во Македонија создале веб-портал насловен како „Gossip Girl Skopje“, јавува порталот Mkd-news.

 

Авторот на сајтот напишал дека таму се ќе биде обелоденето. „Имам уши на сите страни ништо нема да може да се сокрие“, гласела пораката што ги пречекувала бројните посетители на овој сајт. Содржински бил исполнет со фотографии и полни имиња и презимиња од млади деца, тинејџери, а под секоја фотографија имало по некој трач за нив. Кој од кој бил „скинат“, кој кого откачил и слично. Можеби информацијата за сексуалното искуство на девојката Моника излегла токму од текстовите на „Gossip Girl Skopje“.

 

Сајтот е избришан по многуте реакции на јавноста во Македонија, но со оглед на секојдневните постапки на тинејџерите, не би било чудно доколку наскоро се појави уште некој сајт со слична содржина.

Приказните на сајтот започнувале со оваа реченица: „Добар ден, еве ме со уште една шокантна случка…“, потоа следувале полни имиња, линкови од Фејбук профили и се останато што можело да ја понижи личноста која била тема на приказната. Девојката на крајот од текстовите се потпишувала како „xo, xo, Gossip Girl“.

Младиве навистина влегле во филм…

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонецот од Гранд сними кавер на балада од Тоше

Македонскиот пејач кој повторно го гледаме во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан …

error: Содржината е заштитена!