Почетна / Серии / Мистичната руска мини серија „Демони“ на МТМ и регионалните тв

Мистичната руска мини серија „Демони“ на МТМ и регионалните тв

Дејството се одвива во руската империја во 1870-тите. Работите се менуваат драстично во еден мирен мал град кога аристократот Николај Ставрогин и политичкиот опортунист Пјотр Верховенски се враќаат од Санкт Петербург.

Ставрогин постојано се наоѓа во центарот на скандали, тепачки и дуели. Тој е згоден млад човек, зависник од секс, кој ги крши срцата на девојките околу него.

Верховенски, пак, е интелектуалец и циничен човек, кој со самото доаѓање воспоставува „тајно општество“ и шири хаос и очај меѓу жителите.

Двајцата млади херои ја менуваат судбината на гратчето, по што следуваат низа трагични и неочекувани настани.

Доаѓа време на страв во градот, а жителите се чувствуваат беспомошни од инвазијата на „демоните“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Австралиската комична мини серија „C*A*U*G*H*T“ на МТВ 1

Фатени (стилизиран како C*A*U*G*H*T) е австралиска телевизиска хумористична серија од шест епизоди. Продуцент и режиран …

error: Содржината е заштитена!