Почетна / МК Сцена / Младиот рапер Никлеман се враќа на музичката сцена!

Младиот рапер Никлеман се враќа на музичката сцена!

 

После хитот за социјалната мрежа „Фејсбук“ следуваше еден релативно тивок период во неговата кариера, за сега повторно да појави интерес кај пошироката публика со нова актуелна тема насловена како „Мојата чудесна земја“. Како што и тој самиот вели, ова е најверојатно неговата најдобра песна досега.

 

 

Во песната се зборува за нашата мила и чудесна земја – Македонија и за нашиот и вашиот град – Скопје, што тие му значат на Никлеман во неговиот живот, како тој гледа на настаните и случувањата во нашата држава во актуелниов период.

– „Викаат дека најголемиот успех што можеш да го направиш во Македонија е да си одиш од неа, не се согласувам со тоа, Македонија ми даде живот, Скопје ме израсна и за тоа ќе ги сакам до крај. Има и тука убавини, има и тука пари, има и нечесни и прљави работи, но тие треба да ги избегнеш и само треба да се потрудиш да научиш како да ја сакаш Македонија“, – вели Никлеман.

Преку неговите строфи и заразниот рефрен кој го исполнија Девана Ѓорѓиевска и Димитар Синдилиев, ќе ја видите Македонија и Скопје на еден поинаков начин, од неговата гледна точка, а секогаш е добро кога ќе се чуе некое друго мислење. Наскоро се очекува и спот за оваа песна.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара и децата од „Дајте музика“ ја отпеаа „Холивуд“

Вистинско освежување оваа сезона претставува новата сезона од популарниот играно музички серијал “Дајте музика”. Секоја …

error: Содржината е заштитена!