Почетна / Забава / Авалон ја носи Данијела Мартиновиќ на концерти во Охрид и Битола

Авалон ја носи Данијела Мартиновиќ на концерти во Охрид и Битола

По долго време, патиштата помеѓу Данијела Мартиновиќ и Авалон Продукција повторно се споија ова лето.
Со цел на што поразлична и поширока публика да се пружи задоволство, Авалон се одлучија да ја донесат навистина квалитетната, интересна и секогаш возбудлива Данијела Мартиновиќ во античките театри во Охрид и во Битола на 06-ти и 07-ми август.

Данијела Мартиновиќ нема потреба на долго и широко да се претставува, нејзините хитови навистина сите ги знаат. Се разбира дека овие концерти ќе имаат одредена специфика која лежи во фактот што Данијела ќе го промовира својот последен проект со наслов „Neopisivo“ во коj добро познатиот материјал го презентира на еден поразличен начин.

Влезниците веќе се во продажба по следниве категории и цени:

Хераклеа-Битола: 600 денари

Антички театар- Охрид:
ТРИБИНИ седење: 800 денари.
ВИП седење: 1200 денари (пред бина, само 100 влезници во продажба)

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска Филхармонија со концерт насловен „Сила“ на 7 март

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот …

error: Содржината е заштитена!