Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Маја Лена доби ќотек од својот пријател!

Маја Лена доби ќотек од својот пријател!

Младата учесничка од овогодинешниот „VIP Survivor“, Маја Лена, беше нападната од својот долгогодишен пријател во еден загребски клуб. Прво ја влечел за коса, а потоа и удрил неколку шлаканици.

„Навистина не ми е јасно зошто се однесуваше така. Го познавам со години. Треба да се засрами што без никаква причина физички се пресметува со девојки“, изјави Маја Лена за хрватските медиуми. Иако на почетокот велеше дека нема никакви повреди од нападот, ќерката на Миа Беговиќ вчера сепак го посети својот доктор оти почувствувала болка во главата и вртоглавица.

 

 

Инаку, додека Маја вели дека причината за нападот е непозната, медиумите во Хрватска пишуваат оти учесничката на регионалниот „Survivor“ го извлекла подебелиот крај поради својот долг јазик. Наводно открила некоја тајна на пријателот на дечкото што ја нападнал.

„Ова е тежок физички напад и затоа ќе го тужам. Не ми се верува дека постојат вакви луѓе“, вели Маја Лена.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …

error: Содржината е заштитена!