Почетна / Серии / Линдси Лохан повторно во „Грдата Бети“

Линдси Лохан повторно во „Грдата Бети“

 

Во премиерната епизода од третата сезона на „Грдата Бети“ специјално гостување имаше актерката Линдси Лохан. Таа повторно се појавува и во вечерашната епизода. Линдси Лохан ја толкува улогата на Кими која учела во ист клас со Бети во средното школо. Бети била малтретирана од Кими во минатото, но сега таа девојка доаѓа да бара работа од Бети.

 

 

Бети и дава работа како помошник асистент на Даниел, но сите во фирмата забележуваат колку таа е неспретна. Се до моментот кога Аманда не ги преземе работите во свои раце и Кими ја претвори во своја копија – злобна и арогантна. Сега кога Кими повторно е популарна повторно ќе и го загорчува животот на Бети. Вечерва по Дневник 2 на Сител телевизија.

 

 

 

 

 | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно репризи на Телма – италијанска серија пак на програмата

Италијанска криминалистичка мини-серија од 2022 година, режирана од Ќиро Виско, со главни улоги на Викторија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!