Почетна / Телевизија / Големиот брат / Кутрата Маја, Скопје било село, а што е таа?

Кутрата Маја, Скопје било село, а што е таа?

 

На само неколку часа пред излегувањето ситуацијата во куќата е се понапната. Мета на напади и навреди овој пат беше Македонката Анета. Откако Анета и сугерираше на Синди дека треба да работи нешто во кујната белграѓанката и се сврте со најостри зборови и навреди, а се се сведе на тоа дека Скопје е село, а Анета е певаљка, и и треба орден за тоа.

„Јас не знам да пејам ама па не сакам да бидам ни певаљка. Ако ти е чест да бидеш певаљка еве ти орден“, остра беше Синди.

Анета уште претходно и замери на Синди затоа што ја нападна Невена и тоа со муабет кој според Анета не мораше сите да го чујат. Во исповедалницата вчера Анета даде свое мислење за Синди нарекувајки ја злобна што подоцна и кажа во лице. После оваа кавга Анета побара поддршка од станарите.

„Па зошто молчите? Зошто никој не ме одбрани? Па зошто ми го навредуваш градот? Па добро навредувај ме мене, ама зошто да кажеш дека Скопје е село?“, револтирано зборуваше Анета.

Масло на огнот долеа и Маја Николик, а во одбрана на Анета застана Жељко кој својот сочен речник го искористи за да ја нарече со најпогрдни зборови Маја.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви навреди упати Стефани до гласачите од Македонија?

  Стефани : Тие деца што ги тренираш, тие дебили кои гласаат за тебе   …