Почетна / Живот / Инфо | Познатиот стриминг сервис Нетфликс од сега достапен и кај нас

Инфо | Познатиот стриминг сервис Нетфликс од сега достапен и кај нас

Божиќен подарок за сите Македонци
 
 Светски познатиот стриминг сервис Нетфликс реши да ги изненади своите фанови ширум светот со тоа што ги направи своите услуги достапни во преку 130 земји ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија. Онлајн-сервисот за гледање филмови и телевизиски серии „Нетфликс“ ја тестираше својата стратегија на глобална експанзија и дополнително се прошири во Европа.

 

 

– „Денеска сте сведоци на раѓањето на новиот светски стриминг интернет сервис! Со отворањето на сервисот за корисниците ширум светот, од Сингапур до Санкт Петербург, Сан Франциско до Сао Паоло – цел свет ќе може да ужива во ексклузивната содржина која ја нуди Нетфликс.“ – изјави генералниот менаџер на Нетфликс, Рид Хастингс.

Цените за користење на овој сервис во Македонија почнуваат од 8 евра месечно, а постои и можност за надоградба доколку сакате да гледате екслузивни содржини и видео во ХД.

Исто така, како божиќен подарок, можете да го користите Нетфликс еден месец бесплатно! Регистрирајте се на www.netflix.com

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

Уметникот Бојан Ковски ќе ja отвори својата најнова изложба “Симбиоза” во Музејот на Град Скопје …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!