Почетна / Забава / Индиската култура и храна и во Македонија

Индиската култура и храна и во Македонија

 

 

Лоциран во центарот на градот, индискиот ресторан „Пикок“ нуди уникатна можност за дегустирање на индиската кујна во незаборавна индиска атмосфера, за прв пат во Македонија. Очигледно, Македонците се одушевени од оваа култура и храна, имајќи го во предвид фактот дека ресторанот е секогаш полн со луѓе кои сакаат на час или два да ја почувствуваат Индија.

 

Лоциран во центарот на градот, индискиот ресторан „Пикок“ нуди уникатна можност за дегустирање на индиската кујна во незаборавна индиска атмосфера, за прв пат во Македонија. Очигледно, Македонците се одушевени од оваа култура и храна, имајќи го во предвид фактот дека ресторанот е секогаш полн со луѓе кои сакаат на час или два да ја почувствуваат Индија.

„Првиот пат дојдов тука пред се од љубопитност, со оглед на фактот дека никогаш не сум била во индиски ресторан порано. Бев одушевена од храната и атмосферата и сега често го посетуваме ресторанот со моите пријатели. Некои од нив веќе посетиле индиски ресторани во странство и сега се навистина среќни што можат да ја дегустираат индиската кујна тука, во срцето на Скопје.“ – вели еден од гостите во „Пикок“.

 

 

Освен тоа што е прв индиски ресторан во Скопје, уникатноста на „Пикок“ е најверојатно клучната карактеристика која ги привлекува луѓето да го посетат. Друга причина е и зголемениот интерес на македонските граѓани за индиската култура и начин на живот, што ги вклучува и традиционалните храна и пијалоци. Според нив, Пикок нуди целосен пакет на нештата кои сакале да ги дознаат за Индија – храна, култура и традиција. Во центарот на менито се традиционалните индиски закуски и индиски специјалитети.

„Целата храна е подготвена на автентичен индиски начин, со зачини и останати материјали кои доаѓаат директно од Индија. Луѓето се најзаинтересирани за традиционалните закуски и апетисани, но ги сакаат и индиските главни јадења. Најчесто кога ќе не посетат за прв пат сакаат да пробаат помали оброци, и доколку им се допаѓа вкусот, следниот пат ги нарачуваат поголемите оброци.“– изјави Викас Диксит, главниот готвач на „Пикок“.

„Пикок“ е нов, поразличен концепт на ресторан во Македонија во поглед на услугата, меѓутоа менаџментот на ресторанот не застанува тука. Се планира отворање на повеќе индиски ресторани со сличен концепт низ целата држава.

Пикок е само почетокот на проектите кои ги планираме низ Македонија. Сакавме да започнеме со понуда на македонските граѓани од уникатен микс на индиска традиционална и современа храна. Нашите следни проекти се градинката и средното училиште St. Paul’s, како и Едукативниот град, кој ќе биде најголемиот проект на CEL Global.“ – потенцира Прети Чандра, Менаџер на ресторанот „Пикок“.

Ресторанот е дел од интернационалната компанија CEL Global, која веќе инвестира во Македонија во приватни образовни институции: детска градинка, средно училиште и е одговорна за изградбата на едукативниот кампус кој ќе биде сместен близу Велес.

CEL Global е присутна насекаде низ светот со слични проекти и инвестиции.

 

{gallery}062013/indiska{/gallery}

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од технички причини, Турбо рок фестивалот се презакажува

Од технички причини, ТУРБО РОК фестивалот со Неле Карајлиќ, Ван Гог и Ју Група, првично …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!