Почетна / Сапуници / Домазетот Нико бил одличен пејач, уверете се!

Домазетот Нико бил одличен пејач, уверете се!

Неодамна на Сител со емитување започна новата серија „Зет домазет“. Главната машка улога во оваа романтична комедија ја толкува популарниот актер што на оваа публика веќе и беше познат од серијата „Гласови во ноќта“. Нико уште веднаш ги освои женските срца, па затоа одвоивме малку простор и за него.

 

Осгур Чевик е роден на 27-ми мај во 1981-та година. Тој е турски актер и пејач, а станал популарна јавна личност благодарение на турската верзија од телевизиското шоу „Star Academy“. Потекнува од Анкара, од полициско семејство. Татко му бил војник, а мајка му полициски офицер. Тие двајца покрај Осгур, имаат и уште една помала ќерка. Поради нивната работа често морале да се преселуваат од градовите каде што живееле, но на крајот секогаш се враќале во Истанбул.

 

 

Осгур студирал на Филозофскиот факултет во Истанбул, а посетувал и студии за медиуми на универзитетот „Beykent“. Од кариерата се издвојува неговата улога во „Зет домазет“. Нико е Грк, но откако се вљубува во Турчинката Назли станува домазет во турско семејство.

Како музичар се смета за особено квалитетен вокал, својот прв албум го издал во 2008-та година. Во видеото подолу можете да се уверите во останатите квалитети на „Нико“.

 

 

{gallery}062012/niko{/gallery}

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!