Почетна / Телевизија / Евровизија / Дознајте кого ќе пратиме на „Евровизија 2014“

Дознајте кого ќе пратиме на „Евровизија 2014“

 

Годинава Македонија издиша на „Евровизија“. Два одлични вокала, но сепак некаде имавме грешка. Две различни песни, многу коментари и скандали ги следеа Влатко и Есма и приказната заврши. Од Малме, „Евровизија“ се пресели 20 минути кон југ, во Копенхаген. А ние најверојатно научивме добра лекција, пишува порталот На Тапет.

 
Иако е сеуште рано за изборот на пејач кој ќе не претставува на „Евровизија 2014“ сепак организаторот за следната година крајно сериозно си ја сфатил работата. И затоа Македонија веќе го има својот претставник. На скоро цела година до евровизиското шоу ние веќе го знаеме името на македонскиот претставник, а вечерва во „24 Ексклузив“ ќе го дознае и целата македонска јавност.

 

Затоа што и да правите, каде и да сте, во 18 часот бидете пред компјутер или телевизор и ексклузивно дознајте која македонска пејачка ќе не претставува на „Евровизија 2014“.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МРТ со голем долг кон ЕБУ, Македонија останува без Евровизија?

  Ќе паузираме ли од Евровизија ?   Гледачите на „Македонската радио-телевизија“ (МРТ) може наскоро …