Почетна / МК Сцена / Елегии, чалгии и романтики на петтата и шестата концертна ноќ

Елегии, чалгии и романтики на петтата и шестата концертна ноќ

 

Фото | Вака поминаа концертите на 1 и 2 март

 

 

На чекор до завршницата од концертната промоција на најновиот албум на Каролина, “Извор”. Посебни ноќи за паметење приреди Каролина на петтата и шестата концертна вечер во МОБ, на 1 и 2 март.

 

 

Нема песна за мене, Убав живот, Бели цветови, Будна, Ти не дојде, Газев боса… еден по еден се редеа потенцијалните хитови од новиот албум, за да во вториот дел од концертите, публиката со задоволство ужива и ги пее веќе познатите, обнародени и антологиски Две лири, Чалгиска, Кој да ми запее, Ружа ружица, Скопска магла, Смеј ми се смеј, Пролет лето есен зима.

 

 

Вистинска магија се случува на концертите на Каролина, ќе се согласат сите оние присутни кои беа дел досега и кои ќе бидат дел од последниот вечерашен концерт.

 

 

Топлиот и нежен вокал на Каролина, портретот и елеганцијата на музичарите на сцена дополнително даваат ефект на она моќно парче звук што се вика “Извор”.

 

 

Македонската публика е среќна затоа што повторно на репертоар има квалитетен и култен музички албум со кои ќе уживаат повторно сите генерации.

 

 

* Фотографиите се дело на Stefan Rajhl

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова новогодишна песна за децата – поддржана од СОС Детско Село

На еден ден пред Новата година со радост и гордост беше промовирана новогодишната песна која …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!