Почетна / Забава / Влезниците за концертот на СТИНГ во продажба од утре, еве ги цените:

Влезниците за концертот на СТИНГ во продажба од утре, еве ги цените:

 

Ве информираме дека се познати сите детали околу влезниците за ексклузивниот концерт на STING во Скопје, закажан за 15-ти октомври, во арената „Борис Трајковски“.

Концертот на STING во Скопје носи префикс на ексклузивен, не само поради фактот што STING е првиот од А листата на артисти од светската музичка индустрија којшто доаѓа во Скопје, туку и поради тоа што концертот се одржува во сала со капацитет два до три пати помал од останатите сали низ Европа и светот каде што STING настапува.

 

 

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок (2-ри јуни), точно во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се и Југотон, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 1990 денари
ФАН ПИТ- 3000 денари (само 1000 влезници)
SILVER SEATS- 2.990 денари
GOLDEN SEATS- 3.500 денари
VIP ПАКЕТ кој вклучува влезница и примерок од новиот албум на СТИНГ „57 th & 9 th“- 6.000 денари (исклучиво со резервации на телефон: 077/945-505, секој ден од 10 до 16 часот освен сабота и недела).

Поради досега навистина незапаметен интерес за концертот на STING во Македонија, иако во моментов е пролет 2017 год, а концертот е наесен, им препорачуваме на сите што се заинтересирани да си набават влезници ВЕДНАШ!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луксузниот бренд ,,Елена Лука” го носи својот гламур во Њујорк!

Десетгодишниот јубилеј означува една нова ера за етаблираниот моден бренд Елена Лука и македонската мода …