Почетна / Забава / Ден по концертот на Deep Purple, следува концерт на Масимо Савиќ

Ден по концертот на Deep Purple, следува концерт на Масимо Савиќ

Со голема надеж дека лошите денови се зад нас, задоволство на Авалон е да го најават вториот пост-ковид open air концерт во Македонија (само еден ден после концертот на Deep Purple), на 29-ти мај на стадионот на АРМ во Скопје.

Се решивме да имаме вечер на отворено, овој пат за „Голем круг на големи луѓе“ со еден од најдобрите европски вокали во моментов, кој е светски, а наш- MASSIMO. После неколку пати по ред распродадени: Универзални сали, МОБ, Македонска филхармонија, време е за голем open air на Massimo во Скопје – велат од продукцијата.

Сет листата ќе биде полна со хитови од целата негова кариера од Dorian Gray и Sjaj u tami, па се` до последниот хит „Mali krug velikih ljudi“, кој се закити со наградата „Порин“ во категоријата „Песна на годината“ за 2021 година.

Влезниците се веќе во продажба низ продажните места во мрежата на Авалон и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР: 900 денари
ФАН ПИТ: 1.200 денари
ВИП: 1.500 денари

Миленикот на македонската публика MASSIMO SAVIĆ со концерт под отворено небо во Скопје! Се гледаме на 29-ти мај!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од технички причини, Турбо рок фестивалот се презакажува

Од технички причини, ТУРБО РОК фестивалот со Неле Карајлиќ, Ван Гог и Ју Група, првично …

error: Содржината е заштитена!