Почетна / Оператори / “Близу” ги воведува Спорт Клуб и Спорт Клуб +

“Близу” ги воведува Спорт Клуб и Спорт Клуб +

Телекомуникацискиот оператор „Близу” минатиот месец постигна согласност со каналите „Спорт Клуб” и „Спорт Клуб +”. Овие канали ќе бидат вклучени во сите дигитални пакети на „Близу” каде сите претплатници ќе бидат во можност да ги следат каналите бесплатно до 31 мај 2012 година.

 

„На огромно задоволство на нашите претплатници, горди сме да го објавиме позитивниот резултат од преговорите со еден од најгледаните спортски канали – „Спорт Клуб” и „Спорт Клуб +”. Како што веќе најавивме од нашето влегување на овој пазар кон крајот на минатата година, не престануваме да ја зголемуваме понудата на канали. Ова е само едно од многуте изненадувања за нашите корисници, на кои работевме изминатиот период.” – изјавија од операторот.

Според нив, едно од изненадувањата е и враќањето на каналот РТЦГ ( Радио-телевизија Црна Гора), кој беше  исклучен кон крајот на минатата година, бесплатно  во сите пакети на дигиталната платформа на овој оператор. Исто така,  „Близу” го промовираше и „Тринг” пакетот кој вклучува 15 канали со најразновидни содржини на албански јазик. Овој пакет корисниците ќе можат да го следат бесплатно до 30 јуни 2012 година.   

Воедно, „Близу“ дополнително воведе попуст од 50 % на пакетите со три услуги, во првите 6 месеци на користење на услугите. Отсега, секој нов корисник кој ќе потпише договор на 24 месеци, ќе може да ги користи услугите на половина цена за половина година.  Од операторот најавуваат новости и огромни изненадувања и во претстојниот летен период.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Известување | MaxTV со нови канали во понудата

Корисниците на MaxTV, од денес имаат можност да следат програма на 2 нови ТВ канали, …

error: Содржината е заштитена!