Почетна / Сапуници / Поради непочитување на мерките, Џан платил казна од 400 евра во Италија

Поради непочитување на мерките, Џан платил казна од 400 евра во Италија

Познатиот турска заводник, актерот Џан Јаман, кој во моментов важи за еден од најубавите мажи на светот, периодов е во Италија, каде морал да сноси и одредена одговорност.


Романтичарот, инаку адвокат по вокација со улогите во романтичните комедии “Полна месечина” и “Романтичарот” за брзо ги заслепи жените ширум Балканот и Европа токму со своето атлетски градено тело и неодолив шарм.

Неодамна, тој престојувал во Рим на деловен ангажман околу снимање на реклами, а обожавателките го опседнувале и следеле насекаде.

Од пред хотелот, до каде и да се движел.

Како и секогаш, тој со задоволство се сликал со сите и правел селфи, а фановите не го „пуштиле“ се додека не морал да плати и казна од 400 евра за кршење на пропишаните мерки против пандемијата на коронавирусот, како што подоцна пренесоа италијанските медиуми.

Токму поради напливот на фанови, Џан не можел да одржи дистанца, а и ја извадил маската пред обожавателките.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

error: Содржината е заштитена!