Почетна / Забава / Евровизија / Албанија на Евровизија

Албанија на Евровизија

30/43

 АЛБАНИЈА

Изведувач: Rona Nishliu
Песна: ‘Suus’
1 Полуфинале (22/05/2012)

 

Фестивалот преку кој Албанија го избира својот претставник Festivali i Këngës може да се рече дека е еден од најдобрите фестивали во текот на сезоната. Верувале или не, Албанија има неверојатни музички имиња и композитори кои прават вистински песни. Исто така оваа земја е позната по тоа што умее евровизиската верзија на песната да ја направи навистина едно ремек-дело. Годинава сепак не ми ја исполнија желбата на Евровизија да оди сјајната Саманта со нејзината песна Zgjomë një tjetër ëndër. Тие оваа година ја праќаат Рона, девојка од Косово, која ја исполнува моќната балада Suus. Иако многумина велат дека нејзиниот глас е премногу истакнат, и оти песната не е ништо посебно, сепак јас сметам дека музиката ја прави оваа песна едно мало ремек дело, а нејзиниот глас е додатно уживање (барем за мене). Доколку беше Албанија во второто полуфинале мислам потешко ќе влезеше во финале, во ова полуфинале шансите и се поголеми, и се надевам дека Рона ќе ја слушаме двапати.

 


Резултати од национално финале:

01 – 77 – Rona Nishliu – Suus
02 – 55 – Elton Deda – Kristal
03 – 50 – Saimir Braho – Ajër
04 – 47 – Samanta Karavello – Zgjomë një tjetër ëndër
05 – 38 – Altin Goci – Kthehem prapë
06 – 25 – Endri & Steffi Prifti – Mbi cdo iluzion
06 – 25 – Kamela Islamaj – Mbi yje
08 – 21 – Dr. Flori – Personale
09 – 19 – Iris Hoxha – Pa ty… asnjë sekond
10 – 18 – Bojkan Lako & Breza – Të zakonshëm
11 – 13 – Mariza Ikonomi – Më ler të të dua
12 – 10 – Toni Mehmetaj – Ëndrra e parë
13 – 8 – Xhensila Myrtzaj – Lulet mbledh për hënën
14 – 0 – Marjeta Billo – Vlen sa një jetë
14 – 0 – Hersiana Matmuja – Aty ku më le
14 – 0 – Gerta Mahmutaj – Pyete zemrën
14 – 0 – Bashkim Alibali – Këngën time merr me vehte
14 – 0 – Frederik Ndoçi – Oh… jeta ime
14 – 0 – Elhaida Dani – Mijëra vjet
14 – 0 – Rudina Delia – Më kërko


 


DarkShadow | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …