Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (65. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (65. продолжение)

 

Некој тропаше на вратата. Моналиса немаше волја да разговара со никого, но мораше да биде храбра.
– Напред.
Вратата се отвори и во внатрешноста на собата се прошири светлоста на свеќникот. Влезе Кристина осветлувајки ја мрачната соба.
– Твојот вујко ми кажа што се случило…
Го подигна свеќникот на кои гореа пет свеќи и ја виде својата внука како седи пред тоалетната масичка, мирна, тивка со скратена коса.
– Во името на бога, Моналиса, што си сторила?
– Претпоставувам дека вујко ти кажал…
Кристина кимна со главата.

 

 

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 65 – „Антониета и Фаусто ја молат Естер за прошка“

 

Некој тропаше на вратата. Моналиса немаше волја да разговара со никого, но мораше да биде храбра.
– Напред.
Вратата се отвори и во внатрешноста на собата се прошири светлоста на свеќникот. Влезе Кристина осветлувајки ја мрачната соба.
– Твојот вујко ми кажа што се случило…
Го подигна свеќникот на кои гореа пет свеќи и ја виде својата внука како седи пред тоалетната масичка, мирна, тивка со скратена коса.
– Во името на бога, Моналиса, што си сторила?
– Претпоставувам дека вујко ти кажал…
Кристина кимна со главата.
– Беше ужасно…
Моналиса плачеше без прстан. Личеше на дете со истрижена коса.
– Не е твоја вина, Моналиса. Зошто не си му кажала на вујко ти кој те силувал?
– Не знам…
– Моналиса, верувам дека знаеш. Кого сакаш да заштитиш? Рикардо?
– Не, тој ме нема ни допрено. Не беше тој.
– Те молам, малечка, имај доверба во мене. Кажи ми кој беше? Ти ветувам дека нема никому да кажам.
Девојката зеде длабоко здив пред да проговори.
– Беше…Фаусто Кастењон.
Облеана во солзи, младата девојка повеќе не можеше да ја крие тајната која и го кинеше срцето.
– Тето, те молам не кажувај никому, – ја замоли Кристина, отакако и се довери дека човекот кој ја силувал е Фаусто Кастењон.
– Не, мила…, – Кристина ги бришеше солзите. Не можеше ни да замисли колку многу страда нејзината кутра внука.
– Ако дознае тато, мама или вујко, ќе настане само поголем проблем, затоа те молам…
– Да, мила моја, биди мирна. Никој нема да дознае од мене. Биди ми мирна.

Приквечерина на Темпестад. Естер одби да вечера па се повлече во својата соба каде што седна да чита книга. Но мирот не траеше долго. Набрзо откако остана сама, некој затропа на вратата и кога даде дозвола за влез, пред неа се појави Антониета со спуштен поглед.
– Извини, Естер.
– Како имаш лице да се појавиш пред мене по се што се случи?
– Естер, – покорно продолжи домарката, клекнувајки на колена пред својата Господарка. – Те молам, прости ми.
– Како можам да ти простам нешто такво? Кажи ми…
– Не можев да го спречам…
– Не можеше или не сакаше?, – ја пресече Естер. – Дали чуствуваш нешто за Фаусто?
– Не, Естер, – излажа.
– Тогаш што бараше во неговата постела?
– Бидејки ме присили, – повторо излажа, овој пат дури пушти и солза. – Ти се колнам дека не чуствувам ништо за него.
– Дали си свесна дека никогаш повеќе нема да имам доверба во тебе?
– Естер, би сторила се за да заборавиш на тоа што го виде…
– За почеток не сакам веќе да влегуваш во оваа соба. Од сега па натаму дозволен им е влезот само на Марија Грација и Моналиса.
– Како ќе речеш…
– И ако сакаш да ја задржиш својата работа, држи се на страна од Фаусто. Дали сум јасна?
– Ветувам.
– Сега оди си. Не сакам повеќе да зборувам со тебе!

Ехо на болни крици одекнуваа во темната капела таа вечер. Клекнат пред распетието на бога, Фаусто го камшикуваше своето голо тело, ослободувајки го истотот од сторениот грев. Мирис на крв се мешаше со мирисот на восок и босилек.
Естер беше упатена исто кон капелата. Сакаше да поразговара со Бога пред да запсие, но кога влезе имаше што да види. Нејзиниот сопруг како најголем маченик, гол, бележан со крв си нанесуваше уште поголема бол камшикувајки го својот грб.
– Фасуто, престани, те молам, – крикна жената, потрчувајки кон олтарот.
– Оди си, Естер! Не сакам да ме гледаш ваков.
Глетката од близу беше уште по ужасна. Отворените рани кои крвареа од неговото тело беа нешто што не би го посакала ниту на најголемиут душман.
– Погледни го грбот…
– Заслужувам. Морам да платам за моите гревови, – додаде тој и повторно замавна со камшикот, но овој пат Естер го спречи. Го зеде од неговите раце и го фрли на подот.
– Доста! Не сакам да те гледам ваков. Сигурна сум дека Бог ти простил.
Тој се исправи на нозе. Очите му беа потечени од солзи, и одвај успеваше да одржи рамнотежа поради силните болки во грбот.
– Дали ти ми прости, Естер?
– Не се казнувај…
– Ако така сакаш, повеќе нема да го правам тоа, Естер, -клекна пред нејзините коленици и ја прегрна околу половината. Ја држеше силно како да не сакаше никогаш да н еја пушти од себе. – Само те молам не ме оставај.

Зора. Моналиса успеа одвај да заспие пред самиот изгрев на сонцето, а сега веќе почуствува нечија рака на своето лице како ја буди од сон. Изрипа од јастукот исплашена. Додека да ги отвори очите, забележа дека е нејзиниот татко.
– Смири се мила, јас сум. Дојдов по тебе, – рече Антенор, додека девојката полека доаѓаше при себе. – Мораме да одиме.
– Каде?
– На Темпестад. Каде на друго место?
– Не, татко, – крикна Моналиса. – Сакам да останам тука.
– Газдата беше јасен. Те сака назад на фазендата.
– Што се случува овде, Антенор?, – праша Енцо кога влезе во собата.
– Ништо, дојдов по мојата ќерка.
– Мислам дека не е баш добра идеја да ја вратиш на Темпестад. Малата имаше голем проблем таму.
– Што се случило?
– Смири се, Антенор, Моналиса ќе ти објасни се, подоцна. Во меѓувреме нека остане тука, со мене.
– Не. Малата мора да биде со своите родители и точка.
– Не, тато, сакам да бидам тука, те молам.
Но, ниту созлите ниту очајкните молби на девојката не попуштаа пред Антенор. Наредба беше наредба. Моналиса мораше да се врати на Темпестад.

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!