Почетна / Живот / Академик Живко Попов стана дел од Ре-Медика

Академик Живко Попов стана дел од Ре-Медика

 

Врвниот уролог и единствен трансплантолог на бубрег, академик проф. д-р Живко Попов, се приклучува на тимот на Ре-Медика. Во Првата приватна општа болница, проф. д-р Попов ќе биде одговорен за одделението по Урологија.

Важи за врвен специјалист, кој речиси целиот свој живот го посветил на установување на пресадувањето бубрези како рутинска метода и лекар со долгогодишно искуство. Основоположник е на Центарот за трансплантација на бубрези при Уролошката клиника, Клинички Центар Скопје каде се изведени над 265 трансплантации на бубрези од жив дарител меѓу кои 23 кадаверични.

 

 

„Да се има едно од најеминентните имиња на македонското здравство во својот тим и еден од пионерите во трансплантацијата во Македонија е чест, придонес кон реномето на болницата  но исто така и поттик за целиот тим. Ре-Медика, секое засилување на тимот, имплементирање на нови методи и услуги и унапредување на апаратурата го прави со цел да биде што поподготвена и поефективна во овозможување на беспрекорна здравствена услуга за граѓаните“, д-р Андреја Арсовски, стручен директор на Ре-Медика.

Во својата биографија д-р Попов уште бележи позиција на национален координатор и шеф на „Македонија трансплант“, координативно тело за трансплантација на органи и ткива при Министерството за здравство. Живко Попов беше дел од тимот кој го изведе првото пресадување на бубрег од пациент со мозочна смрт, пред  26 години.

Д-р Попов има добиено бројни национални и меѓународни награди, републичка награда „11 Октомври” за достигнувања во полето на хирургијата и трансплантацијата на бубрези, Орден за придонес на Француската култура и наука, „Академска палма” (Chevalier dans I Ordre des Palmes Academiques) co декрет на Премиерот на Република Франција, Награда „13 Ноември” на град Скопје за особен придонес во развојот и меѓународна афирмација во доменот на уролошката хирургија и трансплантацијата на бубрези во градот Скопје. Државна награда „23 Октомври“ за достигнувања во областа на хирургијата и науката.

Одделението по урологија во Ре-Медика ги нуди сите услуги во делот на урологијата. Се спроведуваат консултативно-дијагностички, ендоскопски и класични, хируршко-уролошки процедури. Оперативните процедури опфаќаат третман на бубрежна калкулоза, ласерска хирургија, лапароскопски процедури, микрохируршки процедури.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воден свет ќе се гради во Зоолошката градина во Скопје

 Воден свет, или просторија со големи аквариуми за риби и други водни животни, ќе се …

error: Содржината е заштитена!