Почетна / Телевизија / ТВ Пакет анализира | Пинк ли е, Алфа ли е?

ТВ Пакет анализира | Пинк ли е, Алфа ли е?

 

Српски емисии по цел ден на Алфа телевизија

 

 

Од оваа седмица, дојде до нови промени на Алфа телевизија која ја збогати својата програма со уште една српска емисија. 

15.50 – Српска емисија 
16.30 – Српска емисија
17.20 – Српска емисија
19.30 – Српска емисија
20.15 – Српска емисија
21.10 – Српска емисија
22.00 – Турска серија
23.00 – Индиска серија

Изненадно започчна со емитување српската емисија “Работна акција” вчеравечер во 21.15 часот, која има за цел да им помогне на социјално загрозените семејства во Србија во реконструкција на нов дом. Освен оваа емисија, на Алфа се емитуваат секојдневно и играно документарната емисија “Семејни тајни” со приказни инспирирани од животот, а репризно се дава и Пинковата емисија “Кување и мување”, преведена како “Љубовно мени”. За време на викендите се дава “Невозможна мисија”, реализирана повторно од српска продукција но овојпат скриената камера им се прави на македонски јавни личности. Изминатиот период се емитуваа и други српски емисии, меѓу кои и реалното шоу “Фарма”. Овој наплив на српски емисии на оваа телевизија ги доведува гледачите до прашање, дали емисиите на Гранд се можеби следни?

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Ружица Фотиновска како презентер на дневните вести на ТВ 24

Новинарката Ружица Фотиновска веќе одреден период ја гледаме на екранот на ТВ 24 и како …