Почетна / Сапуници / Ѕвездите на Телевиса се враќаат на Телма во нешто сосема ново

Ѕвездите на Телевиса се враќаат на Телма во нешто сосема ново

Од понеделник, 31 октомври, за сите домаќинки, пензионери и сите оние кои се дома во утринските часови, Телма телевизија ви носи уште една одлична дневна релаксација. Покрај теленовелата „Ако нè остават” која ја следите секој работен ден во 16.55 часот, од сега ќе уживате и во уште една мексиканска серија.

“Ти го давам животот” е потресна приказна од продукцијата со која некогаш наголемо уживавме и трауматично ги доживувавме судбините на ликовите. Сега, повторно со вас … ѕвездите на популарните “шпански серии”.

Хосе Рон ја игра главната машка улога, а за публиката во Македонија е познат по претходните улоги во тин серијата “Акапулко”…,

како и класичните новели “Засекогаш вљубени”, “Сестри” и “Италијанската невеста”.

Покрај него, во една од главните улоги во новата серија на Телма ќе го следиме и Хорхе Салинас.

Овој актер за прв пат го запознавме во мега хитот “Патишта на љубовта” (Перла) на А1…,

по што следуваа негови улоги и во “Невината сопруга”, “Маријана”, “Жената која не знаеше да љуби” и “Врела крв”.

Покрај овие протагонисти, во новата новела следиме и други добропознати актери од продукцијата на Телевиса.

Па така, повторно ќе се дружиме со големиот Сезар Евора, како и со легендарната Марисол.

Од понеделник до петок на Телма, следува “Ти го давам животот”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Освен „Грешници“, и „Крваво цвеќе“ обновена за уште една сезона

Маратонската турска сапуница “Крваво цвеќе” доби зелено светло за нова трета сезона. Откако веќе беше …

error: Содржината е заштитена!