Почетна / Сапуници / Од понеделник до петок во 19 часот – турската серија „Ќерки“ на Алфа

Од понеделник до петок во 19 часот – турската серија „Ќерки“ на Алфа

Од понеделник до петок, нова турска надсинхронизирана серија на Алфа. “Ќерки” е семејна драма која ќе се емитува во 19 часот, на местото на “Сахра”.

Ѓунеш е 35-годишна жена која живее во Измир со своите три ќерки – 17-годишните близначки Назли и Селин, и помалата, 15 годишната Пери.

Работи како професор по литература и е оставена од нејзиниот маж, но откако ќе се запознае и вљуби во богатиот Халук, се менува нејзиниот живот. Тој ѝ предлага брак, по што Ѓунеш прифаќа и со тоа одлучува да се пресели со ќерките во Истанбул, во луксузната вила на нејзиниот нов сопруг.

Но, дојденците нема да бидат срдечно прифатени во новиот дом. Тука има луѓе, кои се навикнати на поинаков живот и не сакаат натрапници во нивната околина.
Селин, една од ќерките е многу среќна што започнува сосема нов живот, окружен со богатство и луксуз, па уште при првата прилика ќе се обиде да влезе во популарните кругови на размазените богати тинејџери.

За разлика од неа, Назли не му верува на Халук и не сака да стане дел од таа непромислена авантура на нејзината мајка, но поради молбата на Ѓунеш, и таа ќе мора да се досели во суровиот Истанбул. За ќерките на Ѓунеш следуваат многу поинакви времиња, исполнети со љубовни вртлоци, семејни расправии и неочекувани разочарувања.

Иако на прва, синот на Халук, Али не сака да ги прифати новата маќеа и нејзините ќерки, сепак со тек на време, тој ќе стекне доверба за да ги споделува своите трауми од детството со Селин и двајцата ќе започнат романса, која никој не ја планираше.

Но и другата ќерка, Назли ќе се вљуби во еден од згодните момци во новата фамилија. Саваш е внук на Халук и страда од трауми поврзани со неговата почината девојка. Вистинска поддршка и разбирање пронаоѓа во Назли, а нивната врска станува слатка и магична како и целото нивно патешествение.

Но, најголемиот противник на овие љубовни врски ќе биде самиот Халук, чија тајна од минатото ќе навести вистинска бура во фамилијата и последици со кои ќе мора да се соочат сите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова е единствена успешна турска серија која не се емитувала кај нас

„Плима и осека” e доста популарна турска серија која претставува римејк на американскиот хит “Округот …

error: Содржината е заштитена!