Почетна / Филм / Кевин Костнер и Роберт Дувал во вестернот „Open range“ на Телма

Кевин Костнер и Роберт Дувал во вестернот „Open range“ на Телма

📅 петок, 28 октомври
⏰ 22:15 – Без засолниште, американски вестерн филм

Шефот Спирман (Роберт Дувал), Чарли Вејт (Кевин Костнер), Мозе Харисон (Абрахам Бенруби) и Батон (Диего Луна) ги водат своите говеда низ огромните прерии на Запад. Нивното пријателство е базирано на чесност и живот неоптоварен со цивилизација.

Кога нивното стадо ги поминува во близина на малиот град Хармонвил, каубоите се среќаваат со корумпираниот шериф Пул (Џејмс Русо) и сточарот Дентон Бакстер (Сер Мајкл Гамбон), кои управуваат со територијата сеејќи страв, тиранија и насилство. Бос и Чарли се гледаат дека пресметка ќе биде неизбежна, бидејќи се принудени да ги бранат слободата и вредностите на начинот на живот кој премногу брзо исчезнува.

Среде превирањата, животот наеднаш добива неочекуван пресврт за осаменикот Чарли, кога ќе ја запознае убавата и топло расположена Сју Барлоу (Анет Бенинг), жена која ќе ги освои неговото срце и неговата душа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ексклузивно на МТВ 1 телевизиска премиера на „Кајмак“

Најновиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“ оваа недела ќе се емитува на Првиот канал на …

error: Содржината е заштитена!