Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Журка со познатиот турски диџеј Махмут Орхан празнично на ТВ 24

Журка со познатиот турски диџеј Махмут Орхан празнично на ТВ 24

Махмут Орхан, истанбулскиот продуцент и диџеј со празничен концертен настап на ТВ 24. Понеделник, 9 септемвир во 22.30 часот на ТВ 24 ќе го гледаме неговиот сет кој ги забавуваше Македонците на летниот “Д Фестивал”.  Со недели, неговите песни „Feel“  и “6 days” беa најпродавани на онлајн-продавницата „битпорт“, како и меѓу најпродаваните песни на сервисот „ајтјунс“ во повеќе од 20 земји.

Неговата музика претставува комбинација од дип хаус, инди денс/ну диско и совршено ги претставува културните корени на Махмут. Кариерата на оваа турска суперѕвезда доживеа експанзија во последните години по објавување на песните на видео сервисите кои имаат над милијарда прегледи. Токму поради тоа Махмут Орхан го споредуваат со Робин Шулц и „Лост фрикуенсис“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Детектор“ на политичките (не)вистини со нови емисии на Сител

Нова сезона од истражувачко дебатната емисија на телевизија Сител. Секоја недела во 16.30 часот, веднаш …