Почетна / Телевизија / Зошто Сител и Канал 5 заслужуваат пофалба за летната ТВ сезона?

Зошто Сител и Канал 5 заслужуваат пофалба за летната ТВ сезона?

Телевизиите Сител и Канал 5 и ова лето решија да ги задржат своите верни гледачи пред малите екрани, емитувајќи премиерни содржини во голем дел од термините и неменувајќи ја редовната програмска шема.

Не навлегуваме во типот на серии и емисии кои ги емитуваат овие телевизии, но за нивната публика, секоја чест што овозможија непрестано прикажување на омилените серии и дел од емисиите.

За разлика од овие две телевизии, другите приватни телевизии и ова лето се одлучија програмата да ја пополнат во најголем дел со репризи. Телма телевизија дури ги прекина и утринската, контактната и дебатната емисија, а наместо премиерни серии и филмови, реши да репризира серии, играни и цртани филмови кои ги емитувале изминатата сезона.

ТВ 24 исто така репризира руска серија, а дебатната емисија три месеци е на пауза.

Алфа реши да реeмитува емитувана турска серија од Сител и да продолжи со репризирање во ударни термини на веќе досега прикажаните српски риалити емисии…

… а Алсат, пак, да репризира турски серии и да ги прекине емисиите од забавен, политички и економски карактер.

Но, Сител телевизија за разлика од другите, за својата публика продолжи да емитува премиерни содржини. Па така освен премиерните турски серии во вечерниот блок, премиерно започна со емитување и на бразилски историски сериски спектакл за време на викендите, италијанска драмска романса и серии од англиско говорно подрачје во полноќниот термин.

Секако, редовните политички интервјуа се дел од “Тема на денот” во централните вести, утринската програма со “Магазин” не прави пауза ни еден ден …,

… а за најмладите продолжија премиерни цртани серии за викенд утрата.

Пофалба и за телевизија Канал 5 која веќе трето лето не прикажува репризи како порано. За редовните гледачи на турски серии, ТВ Канал 5 понуди премиерни по”лајт” летни драми и комедии, а за гледачите на Гранд, секоја недела премиерно ги емитува македонските аудиции за ова ТВ шоу за следната сезона.

За време на викендите, познатиот украински ситком со Зеленски во главната улога се емитува премиерно, како и туристички документарци на Аурора за познатите летни одморалишта.

Утринската програма и на Канал 5 како и на Сител не прави пауза за време на летните месеци, а познатите политичко дебатни емисии “Само вистина” и “Само интервју” добија динамична, кратка и интересна замена во “Жешко политичко лето”.

Епа, почитувани читатели и драги медиуми, има разлика. Сител и Канал 5 очигледно знаат дека треба да ја задржат редовната публика на нивните фреквенции и да го задржат концептот и во текот на летото. За другите телевизии, штом настапи лето, изгледа доаѓа крај на свет, па програмата се пополнува во главно со емитување на серии претходно емитувани.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хаос на веб страната на Алфа – програмски водич нема ни за лек

Доколку сакате да се информирате за програмскиот водич на телевизија Алфа преку нивниот веб сајт, …

error: Содржината е заштитена!