Почетна / Живот / „Прошетка низ Сончев систем” – астрономски час за деца

„Прошетка низ Сончев систем” – астрономски час за деца

Платформата за едукација на деца и млади „Училница“, организира бесплатна, еднодневна работилница по астрономија за деца.

Работилницата ќе се одржи на 29 мај, сабота, со почеток во 12 часот, пред просториите на „Училница” на платото позади Соборниот храм.

На часот ќе ги намалиме небеските тела за 10 милијарди пати и ќе се прошетаме низ Сончевиот систем. Целта на оваа вежба е преку игра децата полесно да ги разберат планетите, нивната големина и раздалеченост. На работилницата ќе гледаме низ вистински телескоп и ќе го набљудуваме Сонцето. По часот секој дома ќе си оди со малечка макета од омилената планета.” велат од Училница.

Астрономијата е една од најстарите науки. Без разлика на возраста, таа нè вчудовидува и инспирира сите нас. Желбата да се истражи непознатото е особено изразен кај децата кои од најрана возраст покажуваат неверојатен интерес за оваа сфера.

Работилницата ќе ја води Радан Митровиќ, основач на Скопско астрономско друштво ( САД ) и предавач во планетариум.

За да се пријавите на еднодневната работилница, потребно е да ја пополните онлајн апликацијата за учество. Истата можете да ја најдете на Фејсбук страната на Училница.

Оваа работилница е вовед во целосната училница за астрономија, чија што програма можете да ја погледнете на следниов линк.

Настанот ќе се одвива на отворено и строго ќе се почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19. Ве молиме носете маски и одржувајте физичко растојание. Задолжителна дезинфекција.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

Уметникот Бојан Ковски ќе ja отвори својата најнова изложба “Симбиоза” во Музејот на Град Скопје …

error: Содржината е заштитена!