Почетна / Серии / Зошто Охо продукција не сними нова сезона од „Преспав“ две ипол години?

Зошто Охо продукција не сними нова сезона од „Преспав“ две ипол години?

Македонските гледачи уживаа со домашниот ситком “Преспав” од 2016-та година до почетокот на 2024-та година, односно цели 7 сезони беа снимени за згодите и незгодите на сопствениците и вработенитe во телевизискиот хотел.

Од јануари 2024 година па навака – штама.

Гледачите останаа без било какви информации за евентуална нова сезона, иако по непишано телевизиско правило, осма сезона евентуално би требало да започне во ТВ сезоната 2024 / 2025 година.

Но, ни таа сезона, а ни следната 2025 / 2026 сезона, не видовме никаква нова епизода од хумористичната серија на малите екрани.

Ако во изминатите години не беше донесена одлука дали „Преспав“ ќе продолжи или ќе заврши, логично се поставува прашањето: кој всушност ја остави серијата во ваков вакуум повеќе од две ипол години?

Зошто продукцијата во изминатите две телевизиски сезони не сними нови продолженија и не ја заокружи приказната, по теркот на сите регионални и светски продукции кои снимаат серии во континуитет?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Низа играни проекти подготвува РТС за новата ТВ сезона

Главниот уредник на драмската и домашната програма на РТС, Марко Новаковиќ, откри што ги очекува …

error: Содржината е заштитена!