Почетна / Сапуници / По Бугарија и Хрватска, дури и Албанија со најнови турски серии летово

По Бугарија и Хрватска, дури и Албанија со најнови турски серии летово

Освен на бугарските и хрватските национални телевизии, наплив на најнови турски серии има и на албанските телевизии ова лето.

Имено, секој ден на албанската најгледана приватна Клан ТВ се емитуваат 6 турски серии премиерно летово, …

… а  се работи за следниве наслови : Duy beni, Sahipsizler, Bahar, Veliaht, Kral kaybederse и Eşref rüya, кои во Турција се емитуваа претходната ТВ сезона.

Слична е ситуацијата и на конкурентската Вижн плус ТВ, па таму премиерно летово се прикажуваат турските драми Halef, Kıskanmak, Safir и Can borcu.

Како во Словенија, Црна Гора и Хрватска, така и во Албанија, дневни маратонски турски сапуници не се прикажуваат.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија се емитуваат култната „Династија“ и нејзиниот современ римејк

Една од најпознатите американски сапуници на сите времиња, која во 80-тите години беше вистински телевизиски …

error: Содржината е заштитена!