Почетна / Забава / Жељко Бебек со два концерта во Македонската филхармонија

Жељко Бебек со два концерта во Македонската филхармонија

Легендарниот Жељко Бебек со неговиот бенд ќе ни овозможи во навистина раритетниот простор на Македонската филхармонија, конечно да ги слушнеме во живо безвременските хитови од „Sanjao sam noćas da te nemam“, „Sve će to o mila moja prekriti ruzmarin snjegovi i šaš“, „Selma“, „Ima neka tajna veza“, „Doživjeti stotu“…, потоа „Oprosti mi što te volim“, „Laku noć, svirači“…, па сѐ до актуелните песни од последниот албум на Бебек “Ono nesto nase” како “Ako volis ovu zenu”, “Ljubav ko iz pjesme” и други, со кој ги наполни буквално сите концертни сали во регионов.

Во најголемата група на Балканот на сите времиња „Бијело Дугме“, поминаа уште двајца пејачи, ама покрај Горан Бреговиќ, посебен белег на бендот со дури шест албуми даде токму Жељко Бебек, неприкосновен вокал, којшто ги отпеа најголемите песни на бендот, а и после “Бијело Дугме” успеа да направи многу респектабилна соло кариера.

Во Македонската филхармонија, сѐ ова ќе биде споено во едно. Иако делува неверојатно за толку голем пејач, ова е прв пат во неговата кариера Жељко Бебек заедно со неговиот бенд да настапи соло во Скопје.

Влезниците се пуштени во продажба во Avalon music & ticket store, продажните места во мрежата на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:

CLASSIC SEATS – 1.500 денари

VIP – 1.990 денари

Се очекува брз sold out! Бидете дел од овој уникатен концерт!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две светски премиери на Дарија Андовска во Токио и Скопје

На 4 ноември во Tokyo Opera се одржа светската премиера на „Сношти минав” за тенор, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!