Почетна / Сапуници / Ѓаволот ќе носи Прада во „Забрането јаболко” на Канал 5

Ѓаволот ќе носи Прада во „Забрането јаболко” на Канал 5

Канал 5 телевизија започна со најава на најновата модерна турска драма “Забрането јаболко”.

Доаѓаат деновите кога ќе ја запознаете Дамата на турскиот престиж и ќе останете маѓепсани од лажниот сјај на дијамантите. Доаѓа време на љубов, интриги и опасни игри во богатата империја на Босфорот.

Доаѓаат месеците во кои ќе се восхитите од Ендер, жената за која многумина ќе кажат дека е “ѓаволот кој носи прада”. Жената која ќе гази сѐ пред себе. Жената без влакна на јазикот. Онаа која ја диктира најновата мода во Истанбул и ги организира најлуксузните забави на Босфорот.

Бидете со ТВ Пакет и очекувајте ја содржината на приказната за “Забранетото јаболко”, со коja ќе го повторите вкусот на еден украден живот, потсетувајќи ве дека треба да сте посилни од сè, затоа што животот не е песна.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!