Почетна / Сапуници / Заводникот од „Немирно лето“: На пијано имам навика да се соблекувам гол

Заводникот од „Немирно лето“: На пијано имам навика да се соблекувам гол

Керем Бурсин неодамна учествуваше во познато ток-шоу во Турција.

Mногу внимание водителите посветија на алкохолот – зошто Ерхан од “Немирно лето” не пие алкохол?

34 годишниот заводник, кој го гледаме во хит романтичната комедија на Сител, посочи дека веќе една година избегнува да пие алкохол затоа што има лоша навика да се … соблекува гол.

Штом малку повеќе се “налеел” со жестоко, тој имал навика да ги соблекува панталоните и да остане само по кошула или маица, и чорапи.

„Последен пат се опијанив пред две или три години. Беше страшно, шетав полугол, а иако не се сеќавам, на крајот сум ги соблекол дури и маицата и чорапите, па останав само по гаќи“, изјави Бурсин.

Во врска со неговото образование и актерска кариера, миленикот на милиони гледачи ширум светот дипломирал на “Маркетинг и комуникации” на Универзитетот во Бостон.

Неговата диплома служела само како проформа за неговите родилите, иако неговата љубов од секогаш била глумата. Татко му бил против глума, но мајка му тајно ме поддржувала.

Керем откри и дека пишува сценарио за игран филм, што го подготвувал веќе четири години.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гледачите и фановите бараат Телма да продолжи со нови теленовели

По големото внимание кое го предизвикаа дневните мексикански серии, гледачите со неверување дека одеднаш Телма …

error: Содржината е заштитена!