Почетна / Серии / Нова крими СФ серија „Среќниот Хари“ во 23:30 часот на Сител

Нова крими СФ серија „Среќниот Хари“ во 23:30 часот на Сител

 

Од продукцијата на Carnival Films и POW! Entertainment …

 

Во понеделник во 23.30 часот на Сител телевизија ќе бид еемитувана последната епизода од американската серија “На тајна задача”, а од вторник, 3 април, во истиот термин ќе се емитува британската серија “Среќниот Хари” (Stan Lee’s lucky man).

 

 

Хари е детектив во Лондон, чиј живот се менува по една преспиена ноќ со мистериозната Ив од кога што и добива античка кинеска бразлетна која има чудна моќ. Таа носи натприродна среќа. Па така, ако дотогаш Хари имал проблем со коцкањето по што ги изгубил жената, ќерката и парите, сега со новата моќ, тој почнува да си ги прави работите во своја корист. Среќата му помага и во работата, во решавање на тешките убиства кои му се доделени како случаи.

 

 

Улогите ги толкуваат James Nesbitt, Eve Best, Sienna Guillory, Amara Karan, Darren Boyd, Steven Mackintosh, Stephen Hagan, Thekla Reuten. Досега се снимени вкупно 2 сезони во 20 продолженија, а оваа година е најавена и нова, трета сезона од приказната за среќниот Хари.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерни епизоди од ситкомот „Мамини синови“ на ТВ 24

Српската верзија на “Mother and son” на телевизија 24, со нови и досега неприкажани епизоди …

Leave a Reply