Почетна / Серии / “Фати го ритамот” со “Белата кралица” на МТВ 1

“Фати го ритамот” со “Белата кралица” на МТВ 1

Уште две од најавените серии од Starz започнуваат на програмата на МТВ

 

Од следната недела, на МТВ 1 започнуваат уште две од сериите кои беа најавувани за ова лето. Па добро, календарски сериите го фаќаат летово.

Од вторник во терминот на “Спартак” започнува уште една историска серија. Овој пат британска во 10 епизоди.

Режијата е на Џејми Пејн и Џејмс Кент, сценариото на Малколм Кембел, Ема Фрост и Филипа Грегори, а улогите ги толкуваат Макс Ајронс, Ребека Фергусон, Анерин Барнар, Аманда Хејл и други. Познатата писателка и сценаристка на серијата, Филипа Грегори, со своите детални истражувања и со своите извонредни наративни вештини, ја истражува најпознатата нерешена мистерија на англиската историја.

 

 

Дејството се одвива во Англија, 15 век. Постојана борба за круната помеѓу Династијата Јорк и Династијата Ланкастер. Борба за превласт, превирања, моќ.. но, и голема љубов. Елизабета е амбициозна жена со исклучителна убавина, која, уживајќи во љубовта со ново крунисаниот млад крал, Едвард Четврти, се мажи и станува негова кралица. Безгранична, чиста и искрена љубов, посилна од се. Но кралот Едвард IV треба да избира меѓу љубовта и лојалноста. Дали земјата поделена од војна ќе биде уништена од една љубоморна жена којашто многумина ја сметаат за вештерка, останува да видиме од новата серија за англиската кралица.

А пак, од понеделник на местото на “Моќ” започнува американската драма “Фати го ритамот”. Од серијата се снимени две сезони, засега.

Дејството се одвива во Лос Анџелес. Младата девојка Аша сака да стане танчaрка во светот на професионалната кошарка. И покрај забраните од страна на нејзината мајка, таа станува дел од тимот на Ѓаволиците од Лос Анџелес. Тимот веќе има своја ѕвезда, Јелена, која е непријателски настроена кон новодојдената Аша, која ги прави првите чекори не само во тимот, туку и во елитните холивудски кругови. Аша е одушевена од новиот начин на живот, но никако не успева да го усогласи со стариот. Тешко и успева да им одолее на искушенијата на Холивуд.

Улоги: Тејлор Пејџ, Кимберли Елиз, Шарлот Рос, Дин Кејн, Логан Браунинг

 

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tелма со нови сезони од акционата серија „Аларм за кобра 11“

Oд петок (8 ноември), започнуваат новите епизоди од германската акциона серија “Аларм за Кобра” на …