Почетна / Сапуници / Премиерните турски серии се само и ексклузивно на Сител и Канал 5
ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК бидете со Сител или Канал 5

Премиерните турски серии се само и ексклузивно на Сител и Канал 5

За сите љубители на турските серии, Сител и Канал 5 со вечерен блок на најнови серии од Босфорот кои ќе го задржат Вашето внимание и ќе ви приредат доза на драматичност и адреналин во вечерните часови.

Во 17 часот, Канал 5 ви ја носи слатката приказна за “Малата Каја”, а во 19.40 часот сите романтични души ќе се разнежнат со кревката сапуница “Ветување”. Дали доаѓаат среќни моменти за Рејхан и Емир, гледајте на Канал 5 и дознајте во наредните епизоди затоа што одговорот доаѓа токму овие денови.

Веднаш по “Ветување” следува “Ќерката на амбасадорот”,  најсилната сага за една голема љубов, пред која и смртта има смисол, а животот е најдрагоценото нешто што може да се случи.

За крај на вечерта, драма од редот на постарите турски серии – “Браќата”. Љубов, омраза и одмазда во ноќните часови на Канал 5.

Освен на Канал 5, вашите омилени и најгледани турски серии се секако и на Сител. 19.45 часот е загарантиран за динамичната и скандалозна драма за “Суровиот град”. Не пропуштајте ги следните епизоди во кои мега скандалот во семејството Караџај ќе ве остави буквално без здив.

Веднаш по тој серијал, останете со Сител и не пропуштајте ја Зулејха. Епската сторија за една далечна и “Горка земја” и во новите продолженија ќе ве закова пред ТВ екраните…

… а возбудата и адреналинот дефинитивно ќе кулиминираат со вашите напатени “Ангели” на Сител.

Најновите и исклучиво премиерни турски серии се само на Сител и Канал 5. Доколку одберете турска продукција за драматична или релаксирачка вечер, тогаш одберете Сител или Канал 5. Трета опција нема!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | И ова се случи во „Ангели“ – очувот ја затвори во кафез

Не престануваат морбидните сцени во турската серија “Ангели” која се емитува на телевизија Сител. Најновата …

error: Содржината е заштитена!