Почетна / Сапуници / Мерве од „Пријатели“ ја подигнува свеста за нарушувања во исхраната

Мерве од „Пријатели“ ја подигнува свеста за нарушувања во исхраната

Хајал Косеоглу на публиката и е позната како Мерве од серијата „Пријатели засекогаш“ која неодомна започна да се емитува на Dizi. Хајал започнала со глума на само 6-годишна возраст. Но, покрај нејзините актерски способности, таа откри уште еден свој талент: да ја употреби својата модна креативност за да ја подигне свеста за нарушувањата во исхраната.

Таа на еден настан на кој присуствуваше летово се појави со сопствена креација со силна порака. „Можеби не бев најелегантната или најстилски облечената личност, но се чувствував неверојатно“, напиша Косеоглу на својот Инстаграм профил.Актерката ја украси својата облека со зборовите „Нарушувањата во исхраната не се кул“, смело спротиставувајќи се на нездравата diet culture во општеството. Транспарентноста и креативноста на Косеоглу во нејзиното изразување служат како одличен пример, охрабрувајќи ги младите луѓе да ја прифатат нивната уникатност и да се ослободат од општествените притисоци. „Вчера, за прв пат, присуствував на настан во нешто што сама го создадов, насликав и украсив – желбата да се изразам себеси беше поголема од стремежот кон конвенционалната убавина.“, рече убавата Хајал.

Во свет каде што идејата за физичкото совршенство често е приоритетна, зборовите на Косеоглу служат како потсетник дека вистинската убавина лежи во автентичноста и самоизразувањето.
Dizi неодамна ни ја претстави новата серија „Пријатели засекогаш“. Во улогата на Мерве како и во живо, Хајал портетира силен и решителен лик. На екранот Мерве, се бори со слични несигурности како многу млади жени но и покрај тоа таа е насмеана, хумористична и позитивна млада девојка. Нејзината мајка, поранешна мис на Турција, смета дека надворешната убавина е многу важна и таа секогаш се наоѓала во нејзина сенка.

Таа никогаш не го сакала својот физички изглед, но нејзините најдобри пријатели се секогаш тука за неа. Без разлика на нивните различности, тие секогаш си помагаат едни со други. Серијата „Пријатели засекогаш“ можете да ја гледате секој ден во 15:10 или 23:20 на Dizi.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжуваат „Трите сестри“ – вашата омилена серија само на Сител

На ваше задоволство, продолжува омилената серија за трите сестри. Срдечна и топла приказна за Туркан, …

error: Содржината е заштитена!