Почетна / Серии / Воените акции на тимот „Специјалци“ во ноќниот термин на Сител
Од вторник, 4 октомври на Сител телевизија - 00.30 часот

Воените акции на тимот „Специјалци“ во ноќниот термин на Сител

„Тим: Специјалци“ е воена драмска серија која ги следи професионалните и приватни животи на припадниците на најелитната единица на Морнарицата – СЕАЛ. Многу случаи во многу акции на новите херои чија задача е постојано да вежбаат, да ги планираат и да ги спроведуваат најопасните и најризични мисии во име на татковината.

Џејсон е почитуван и посветен лидер на тимот на морнарицата, чиј семеен живот страда поради воениот ангажман.

Неговиот тим вклучува доверливи луѓе како што се Реј Пери, најдолготрајниот оперативец со кого добро се снаоѓа, Соња Квин, исклучителен и лојален војник со богато минато и Клеј Спенсер, млад војник со голема посветеност и оптимизам.

Клучни за успехот на тимот се аналитичарите на ЦИА кои жртвуваат сè за да се искорени злото, да се уништи тероризмот и да се држат работите под контрола во име на непоколеблив патриотизам и бестрашен ангажман.

“Seal team” е продуцирана од CBS во досега шест сезони, а оваа сезона ќе се емитува и на Сител телевизија, од понеделник до петок по полноќ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само на Телма продолжува втората сезона од српскиот хит „Беса“

Втората сезона од популарната мафијашка драма стартува на Телма, веднаш по завршетокот на првата сезона. …

error: Содржината е заштитена!