Почетна / Филм / Во петок на Телма – популарната авантура „The Hunger games”

Во петок на Телма – популарната авантура „The Hunger games”

Приказната е заснована во пост-апокалиптичка држава наречена Панем, која е поделена на дистрикти (реони). Главниот град на Панем е Капитол, а Панем е опкружен со 12 дистрикти.

Секоја година од секој дистрикт се бираат по две жртви, таканаречени трибути. Се бираат по два трибути од секој дистрикт, момче и девојче, кои се присилени да се борат да преживеат во арена со цел угледните луѓе од Капитол да бидат забавувани, а и да се задоволат потребите на Капитол.

Откако Прим Евердин ќе биде одбрана како трибут на 74. годишни игри, нејзината сестра Кетнис Евердин ќе се пријави како волонтер сè со цел да ја заштити сестра си.

Улогиите ги толкуваат Џенифер Лоренс, Џош Хачерсон, Лиам Хемсворд, Вуди Харелсон, Елизабет Бенкс, Лени Кравиц, Стенли Тучи, Доналд Сатерленд, Вес Бентли, Вилоу Шиалдс. Акционата авантура за игрите на гладните ќе се емитува на Телма овој петок, 12 април во 22.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трилер мистеријата „ Last moment of clarity“ вечерва на Телма

Тој ќе помине три години во тага, сведочејќи за смртта на својата свршеница. Вината за …

error: Содржината е заштитена!