Почетна / МК Сцена / Видео | Згодниот архитект од „Урбан“ порачува „Само уште ноќва“

Видео | Згодниот архитект од „Урбан“ порачува „Само уште ноќва“

По пауза од скоро половина година, пејачот Јосиф од Урбан Рекордс со нова песна и спот. Последен негов проект беше соработката со Два Бона за летниот хит “Колку ти треба”, а познат е и по соработката со популарниот српски артист Михајло Веурович -VOYAGE со песната “Трапстарз”.

Дваесет и две годишниот Јосиф Ристовски кој свири на пијано, а приватно студира архитектура на Американ Колеџ, го промовираше спотот за песната “Само уште ноќва”. Трап нумера на која како автор на музиката и текстот се подпишува самиот Јосиф, во продукција на Saintlucabeats, микс и мастер на Ивајо, додека пак спотот го изработи Томислав Живковиќ.

Јосиф во него се појавува со две згодни девојки, моделите Ангела Грамосли и Бојана Секуловска. Се снимаше на повеќе локации, од скопски улици до станови со девојки. Спотот е биланс од скопскиот ноќен живот, полн со адреналин и исполнет со девојка која е безчуствителна и незнае што сака..

На која девојка и порачува: “Само уште ноќва, дека утре нема да те знам, покажи што знаеш”, ќе видите од видеото во продолжение…

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!