Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Видео | Успехот на ветераните од ГМХ Вардар низ призмата на ТВ Сител

Видео | Успехот на ветераните од ГМХ Вардар низ призмата на ТВ Сител

Сител телевизија продолжува со промоција на најдоброто од Македонија во сферата на културата, уметноста и музиката, па така на еден пријатен и срдечен начин успеа да ни ги долови успесите на уште едно македонско богатство – ГМХ Вардар од Скопје.

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје освои златен медал на 23-тото издание на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина, Република Српска, БиХ, во конкуренција на мешани хорови од регионот.

Хорот, под водство на маестра Јасмина Ѓорѓеска, на Фестивалот се претстави со четири композиции од домашни и од странски автори.

Хорот „Вардар“ во своето 24-годишно постоење, со посветеност и ентузијазам ја промовира хорската музика во Македонија и во странство, постигнувајќи бројни награди и признанија.

Проследете го прилогот за ова големо достигнување на нашите ветерани низ призмата на младите и свежи имиња во новинарската фела :

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прочитајте по колку години имаат финалистите во „Ѕвездите на Гранд“

Вечерва, 8 јуни, 21 часот – финале на оваа сезона од најгледаното телевизиско шоу “Ѕвездите …

error: Содржината е заштитена!